ПМФЛ: По мечевите во Струмица и Битола попладнево ќе се знае кој со кого ќе игра во баражите!

164
ФОТО:facebook.com/FC.PelisterBitola/

Денеска од 16:30 часот се играат уште два меча од 33.последно коло во сезоната 2025/26. Во Битола домашниот Пелистер игра со Башкими, а во Струмица составот на Брера се среќава со Шкупи. Во пресрет на овие два меча и Пелистер и Брера имаат по 37 бода и се знае дека ќе играат баражи за опстанок во елитата. Само не се знае кој со кого, односно кој ќе ги одмери силите со Скопје и Шкедија (А).

Во случај на победа тогаш Пелистер и дефинитивно ќе биде осми, има подобар меѓусебен скор од Брера и во баражот ќе игра со третиот од ВМФЛ, а тоа е Шкендија (А), додека струмичани ќе играат со Скопје. Брера ќе биде осма само ако Пелистер не успее да дојде до трите бода против кумановци.

Јасно им е на двете екипи дека и Скопје и Шкендија (А) се силни противници со прволигашки амбиции, и нема да биде едноставно да се совладаат во еден бараж меч.

Па така денеска околу 18:30 часот ќе ги дознаеме двојките за баражите за пополнување на следната сезона во ПМФЛ.

Утре се играат последните два меча сезонава, исто од 16:30 часот. Се среќаваат Работнички – Тиквеш и Македонија ЃП – Силекс.

ПретходноИран ја менува локацијата на кампот за Светското првенство
СледноМаџари пред третата финална пресметка доби „честитка“: 118.000 денари и суспензија на Тасевски