Завршија првите полувремиња од двете денешни средби од последното коло сезонава во ПМФЛ. Во Битола домашниот тим на Пелистер има предност од 1:0 против Башкими, стрелец на голот беше Србијанац во 24.минута. Претходно Ристовски даде гол, но по реакцијата на ВАР собата истиот беше поништен.
Во Струмица играат Брера и Шкупи и по првото полуреме води домашниот тим со 1:0.
Овие два меча се важни само поради тоа кој на крајот ќе биде осми и деветти, Пелистер или Брера, по што ќе се знаат двојките за баражите за пополнување на ПМФЛ за следната сезона, односно кој ќе игра со Скопје и Шкендија (А).















