ГРК Охрид со минимална победа на првата финална пресметка со Татабања

109
Фото: Татабања/ФБ

ГРК Охрид славеше против Татабања на првата финална пресметка во ЕХФ Европскиот Куп, откако на гостински терен беше подобар со минимални 28-29. Победата можеше да биде поубедлива, но македонскиот тим забележа пад во вториот дел. Во првото полувреме водеше со седум гола разлика. Реваншот се игра на 30 мај во Охрид, билетите се распродадени.

Одлично прво полувреме за македонскиот тим, цврстата одбрана беше клучна за доминцијата на избраниците на Борис Ројевиќ, кои отворија со 2-6 после девет минути. Татабања беше надвор од колосек, немаше ниту дефанзивен, ниту офанзивен одговор. Пилиповиќ и денеска беше на ниво на задачата. Најголемата позитива беше седум гола (5-12), на одморот беше 8-13.

Со многу исклучувања на двете страни започна вториот дел, неколку грешки на ГРК Охрид беа клучни за да унгарскиот тим дојде на 11-14. Но, после две нови исклучувања на другата страна, македонскиот претставник успеа да ги врати петте гола позитива 13-18.

Татабања беше на негатива од три до четири гол, при 18-21 Ројевиќ повика тајм-аут. Од овој момент, ГРК Охрид направи серија од 1-4 за 19-25. Сепак се случи нов пресврт, домаќинот со 6-1 серија израмни на 26-26 во 55. минута. Лиапис постигна важен гол за 26-27. Но, неизвесноста продолжи, а Татабања поведе со 28-27 на две минути до крајот. Иванковиќ врати за изедначување (28-28). Пилиповиќ ја запиша 12-та интервенција и ги стави неговите момци во позиција за победа, Џукиќ во целиот хаос реализираше за 28-29. На другата страна останаа три секунди, недоволни за израмнување.

Ѓукиќ и Иванковиќ со по седум гола беа најефикасни, на голот потворно беше добар и Пилиповиќ со 12 одбрани.

ПретходноПелистер – Шкендија (А) и Брера – Скопје се баражите за пополнување на ПМФЛ!
СледноТотенхем слави опстанок, Ливерпул оди во ЛШ, Астон Вила го расипа простувањето на Пеп (ВИДEO)