Барселона се врати на тронот на Европа. Шпанскиот тим ја освои 13-тата титула откако во финалето славеше против Фуксе Берлин со 37-34 . Сосема заслужена победа на каталонскиот тим, од првата до последната минута го имаше водството.
Доминатно прво полувреме на Барселона, на крилата на одличниот Нилсен кој имаше седум одбрани, брзо го наметна своето темпо. Фуксе Берлин не поведе ниту еднаш во овој дел, на почетокот беше двапати израмнето и тоа на стартот (1-1 и 2-2). Каталонскиот тим знаеше како да го води дуелот, поведе со 15-10 на средината на првото полувреме, нападот беше „течен“, а одбраната добро го затвори Гидсел кој беше тивок во овој дел. На одморот резултатот беше 20-16.
Фуксе Берлин добро го отоври вториот дел, дојде на минус два 20-18, но на сцена настапи Нилсен, а неговиот тим поведе со плус шест (25-19) во 37 минута.Во 45. минута голем хендикеп за Барселона, Фабрегас заработи црвен картон. Резултатот беше 27-24. Негативата која германскиот тим ја имаше беше од три до четири гола, но до 52 минута, после одбраната на Милосављев, Гидсел доближи на 32-30. И Берлин остана со играч помалку, Макс доби црвен картон.
Милосављев запиша одбрана, Фуксен Берлин не искористи напад за да дојде на еден гол негатива. Цикуша зголеми на 36-33, а Нилсен одбрани за славје во редовите на Барселона.
Фраде имаше седум гола, Гомез шест кај победникот. Нилсен запиша 14 одбрани. На другата страна Милосављев имаше 12 одбрани, Гидсел имаше седум погодоци.










