Како да се од некоја друга планета: БРИЛИЈАНТНА Франција!(ВИДЕО)

135
ФОТО:facebook.com/equipedefrance/

Франција – Шведска 3:0. Уште едно блескаво, фантастично, брилијантно издание на „Триколорите“. Оваа Франција како да е од некоја друга планета.Оваа Франција е моќна, моќна. Вистински празник е за фановите да гледаат како играат Мбапе, Олисе, Дембеле, Баркола, Дуе и останатите. Шведска едноставно немаше никакви шанси во 1/16 финалето во Њу Џерси и затоа си оди дома а Франција си закажа осминафинален меч против Парагвај.

Интересно, Шведска ја имаше првата шанса и тоа Исак и тоа во 3.минута. Врати Баркола со продор и шут над голот. Во следниот напад гол и радост на Мбапе, сепак поништен поради офсајд од ВАР. Исак уште еднаш се закани, а тоа во два наврати го направи и Дембеле. Штета што магијата на Олисе, волејот во таа 36.минута место дирекот не ја погоди мрежата, дирек претходно погоди и Мбапе. Франција разграна, прашање на време беше кога ќе видиме гол за 1:0. И тоа се случи во 45.минута кога Мбапе стрелаше а потоа радоста ја подели со Дидие Дешамп, а се знае и зошто, поради смртта на мајката на селекторот. Ова беше негов петти гол на Мундијалот.

Се играше 45+2.мнута кога Строуд имаше супер шанса за израмнување, но на пауза се замина со тие 1:0.

Во второто полувреме Франција и натаму напаѓаше, во 53.минута Баркола зголеми со убав гол на 2:0, откако претходно Олисе маестрално го проигра. Шведска не се предаваше, Франција потоа малку како да дигна рачна што се вели, но и натаму беше и тоа како опасна по голот на Швеѓаните. Олисе имше зицер за 3:0 во 71.минута, ама голманот на Шведска по којзнае кој пат го спаси својот гол.Но, но можеше во 74.минута кога Мбапе во негов стил успеа да го постигне својот шести гол на СП, се израмни со Меси, за 3:0. И повторно магична асистенција на Олисе.

На крајот конечни 3:0 за БРИЛИЈАНТНАТА Франција, а Шведска треба да биде среќна што загуби со овој резултат.

ПретходноПолувреме: Мбапе „тресе“, магија на Олисе, Франција со водство! (ВИДЕО)