Шкендија Арачиново се пофали и со Миле Тодоров! (ВИДЕО)

195

И дефинитивно дебитантот во ПМФЛ во претстојната сезона не се шегува. Вечерва раководството на Шкендија Арачиново се пофали со уште едно засилување, а тоа е Миле Тодоров (26). Познато е дека станува збор за играч за врска, некогашен младински репрезентативец на Македонија кој минатата сезона беше дел од составот на Брера Струмица.

Инаку Тодоров потекнува од школата на Работнички, а покрај за овој клуб го носел дресот и на Победа, Скопје, Тиквеш. Има и интернационална кариера во Хрватска и тоа во Нови Град и вториот тим на Осијек, а играше и во Радник Бијелина во БиХ.

Секако дека ова е квалитетнт засилување за тимот од Арачиново.

Претходно„Фараоните“ во историско осминафинале: Египет на пенали ја елиминираше Австралија (ВИДЕО)
СледноСе чека само официјална потврда: ФИФА го менува терминот за мечот Мексико – Англија!