Тиквеш го „размонтира“ Арсими на премиерата на ПМФЛ сезоната (ВИДЕО)

215

Денеска официјално стартуваше новата ПМФЛ сезона, а како премиерен меч во Кавадарци се сретнаа екипите на Тиквеш и Арсими.

Домаќинот обезбеди огромен троиумф од 5:1, во дуел во кој постоеше ама буквално само еден тим.

Уште од самиот почеток на мечот, домашните ја презенаа иницијативата, и многу бргу и поведоа.

Во осуманесеттата минута Лавал ја искористи грешката на гостинската одбрана и реализираше за водство. Само девет минути подоцна, во 27. минута, Сила зголемува на 2:0, по уште една неумешна реакција на гостинската дефанзива.

Момент на надеж за Арсими донесе Рамадани, во 33. Минута со еден од најубавите голови видени во нашиот домашен шампионат во последно време.

Сепак, резултатската неизвесност траеше само три минути затоа што Лавал со својот втор гол повторно донесе водство од два разлика за Тиквеш.

Во самиот финиш на полувремето, во 40. Минута, Сила со својот втор гол создаде веќе огромна предност за Тиквеш од 4:1.

Сила стигнува до хет трик

Во 58. Минута од мечот, интернационалецот од Гвинеа Н‘Фанли Сила успеа да реализира по трет пат на овој меч со одмерен удар од полудистанца и на тој начин стигна до својот хет трим на овој дуел.

Тиквеш на најдобар можен начин ја отвори сезоната, додека Арсими уште од стартот ќе мора да се запраша што не чини во неговиот табор.

ПретходноРеал тргна и нема да застане – започна со преговори за најголемиот трансфер на летото!
СледноКадетите во посета на Македонско село и манастирот „Св. Пантелејмон“