Полноќна бомба од германскиот Скај Спортс: Две понуди пристигнаа за Винисиус!

1593
ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Според информациите од германскиот „Скај Спорт“, Реал Мадрид направил нов потег во преговорите со бразилскиот интернационалец за продолжување на неговиот договор.

Кралскиот клуб наводно испратил контрапонуда до Винисиус и неговите претставници во обид да постигнат конечен договор по месеци разговори.

Мадрид сака што поскоро да го затвори прашањето за нов договор и да го обезбеди останувањето на еден од своите најважни играчи.

Истиот извор наведува дека Реал Мадрид е целосно свесен за сериозниот интерес на Арсенал.

Лондонскиот клуб, според овие информации, исто така одлучил да му ја испрати својата прва понуда на Винисиус Жуниор.

Претставниците на бразилскиот играч наводно веќе се запознаени со плановите на Арсенал.

Останува да се види дали Реал Мадрид ќе успее да го убеди Бразилецот да го продолжи договорот или интересот на Арсенал дополнително ќе ја искомплицира ситуацијата.

Наредните денови би можеле да го донесат крајот на една од најголемите трансфер сага ова лето, бидејќи Реал Мадрид и Арсенал чекаат одговор од играчот што би можел да го одреди продолжувањето на неговата кариера.

ПретходноТренчовски со многу труд и знаење стигна до Олимпија!
СледноКаде е времето кога Работнички ја згази Рига со 6:0!?