Монако и официјално доживеа колапс

129

Официјално кошаркарскиот клуб Монако е пред колапс. Некогаш еден од најбогатите клубови во Европа, сега и официјално е во „аут“ затоа што не доби лиценца за натпреварување во претстојната прволигашка сезона во Франција.

Откако со години рускиот тајкун Алексеј Федоришев внесуваше милиони во клубот, одеднаш истите ги снема, па Монако полека почна да тоне.

Лани сезоната ја заврши со само осум сениори, а сега со губењето на лиценцата, Монако како клуб или едноставно ќе престане да постои или пак ќе се натпреварува на аматерско ниво далеку од гламурот кој што го уживаше изминатиот период.

 

ПретходноБорнмут е посилен за Антонио Силва
СледноМакедонија подобра од Исланд и ќе игра за 13. место против Велика Британија