Македонецот со победа го одбележа дебито: Чурлинов стартер за Погон!

129
ФОТО:.facebook.com/PogonSA

Дарко Чурлинов може да биде задоволен. Имено вечерва во меч од 2.коло во елитната лига во Полска, тој беше стартер за својот нов тим, Погон Шчечин, тоа беше негово деби кое беше одбележано со победа и тоа на гости со 0:2 кај Краковија.

Да потсетиме дека македонскиот репрезентативец пред само неколку дена направи трансфер од Коџаели во Погон Шшечин, при што во својот нов клуб беше претставен како големо засилување.

Инаку Чурлинов вечерва на своето деби како стартер за Погон Шчечин во игра беше до 60.минута, додека певиот гол за неговиот тим беше дело на Лео Борџес на самиот почеток во второто полувре, во таа 46.минута. Во 90+4.Мукаиру ги потигна конечните 0:2.

Јасно е дека за него, но и за селекторот Гоце Седлоски, најдобро е самиот Чурлинов да има поголема минутажа во својот клуб ако се знае дека тој во следниот период треба да биде еден од нашите клучни играчи во репрезентацијата.

ПретходноЕрјона Јонузи потпиша за шампионот на Словачка!
СледноЏеко продолжува во Шалке! (ФОТО)