Ѓорческа со добар почеток во Лајпциг

41

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа по три сета игра со 2-1 во сетови (64 46 64) ја совлада Анастасија Фирман од Украина во меч што траеше 2 часа и 30 минути.

Во првиот сет, кој и припадна на Ѓорческа двете тенисерки имаа проблеми со освојувањето на гем на свој сервис и имаше дури седум брејка (четири за Лина). Во седмиот гем беа одиграно 14 поени, а гемот го освои македонската тенисерка. Во вториот сет Фирман имаше брејк повеќе од Ѓорческа и го доби сетот со 6:4 во гемови и изедначи на 1:1.

Во решавачкиот сет немаше брејк во првите пет гема, а потоа Ѓорческа поведе со 4:2. Но, во деветтиот гем Фирман го врати брејкот, сепак тоа не влијаеше на Ѓорческа, која во следниот гем направи нов брејк и го доби сетот со 6:4 во гемови, а со тоа и мечот со 2-1.

Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против Алена Ковачкова од Чешка, која со 2-0 во сетови ја совлада Сохун Парк.

Турнирот во германскиот град се игра за награден фонд од 60.000 американски долари.

ПретходноБрегалница го потврди Максимов
СледноМакедонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува