Горазд Ристовски ќе собира сениорска минутажа во Графичар

81

Македонскиот интернациоиналец и младински репрезентативец, Горазд Ристовски откако го потпиша својот прв професионален договор со тимот на Црвена Звезда, автоматски се пресели во пониската фудбалска конкуренција во Србија. Замина во филијалата на Звезда, Графичар, каде што свои минути имаа голем број на наши интернационалци кои што беа периодов дел од гигантот од Белград.

Ристовски самото ова и го најави во изјавата пред извесен период за СпортСпорт, при потпишувањето на договорот, што е и логичен развој на настаните за него.

Досега тој настапуваше за младинскиот погон на Црвена Звезда, но секако време е за сениорски фудбал.

 

ПретходноЕлмас и Ред Бул Лајпциг заминаа за Англија
СледноСилекс извлече реми на гостувањето кај Шкендија Арачиново (ВИДЕО)