Шкотски фанови се освежуваат во Скопје: Каде ли дојдовме на овој пекол?

988

Хиберниан вечерва гостува кај Шкендија во Скопје, во реваншот од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ама шкотскиот тим и тоа како ќе ја има поддршката од своите фанови. Имено од таборот на Шкендија велат дека очекуваат на трибините на Арената “Тодор Проески“ да има околу 500 шкотски фанови кои веќе се во Скопје.

Тие го разгледуваат главниот град на Македонија, секако дека ги посетуваат и кафулињата во центарот на Скопје и со задолжително ладно пиво или други пијалоци се освежуваат и се аклиматизираат на пеколно високите температури кои владеат деновиве во нашата Македонија.

Јасно е дека Шкендија мора да ја добие поддршката од своите фанови со цел да се дојде до следната фаза во квалификациите во Лигата на Конференции.

ПретходноНавивачите на Вардар имаат 12 дена за да купат сезонски билети
СледноСилекс е посилен за Мартин Талаков