Уште еден доказ дека Љупче Дориев е во страшна форма во шампинатот на Узбекистан. Иако е “кралот“ на стрелците во тамошниот шампионат, попладнево на гостувањето кај Термез, македонскиот интернационалец и тоа како одигра голема улога, иако не постигна ниту еден гол од тие три за победата на неговата екипа со 1:3.
Дориев не стрелаше во противничката мрежа, но затоа сите три гола беа негово дело што се вели, ако се знае дека на сите три тој беше во улога на асистент.
Прво во 50.минута за 1:1, потоа втората асистенција во 59,минута за 1:2 за да на крај асистираше за конечни 1:3 во 90+1.минута.
Па така сега Дориев има зад своето име 12 голови и 6 асистенции што го прави не само најдобар стрелец туку и најдобар асистент во лигата на Узбекистан до ова 17.коло.










