РК Вардар после четири години се врати во Лигата на шампиони. Двократниот освојувач на титулата во ова натпреварување го чека интересна сезона, во групната фаза за противник ги доби Мелсунген, Нант и Висла Плоцк.
Покрај двете титули кои ги има освоено во Лигата на шампиони, Вардар важи за тим кој има неверојатна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“.
Од ЕХФ секогаш со задоволство се навраќаат на моментите од тврдината на Вардар. Овој пат споделија видео-запис од минатата сезона и напишаа: Ова е лудо!
View this post on Instagram









