ПМФЛ: По бод за Скопје и Тиквеш на првиот меч од 4.коло! (ФОТО)

161

Скопје – Тиквеш 1:1 е исходот од првиот меч од 4.коло во ПМФЛ кој се одигра на ФФМ доцна попладнево. Типично прволигашки натпревар за наши услови. Борбен, со желба да се дојде до победа, ама на крајот и Скопје и Тиквеш мораа да се задоволат само со по бод. Домашните поведоа со голот на Божиновски во 34.минута, а израмни Сила од пенал во 70.минута. Па така ова е прво реми за кавадарчани кои сега имаат 7 бода, додека “Пиратите“ и по 4.коло се без победа, со две ремија и два бода.

Треба да се каже дека овој натпревар, а посебно во првото полувреме, се играше во невозможни услови, на +40 степени Целзиусови.

Гостите од Кавадарци подобро го отворија мечот, со висок пресинг, со агресивна игра, а првата шанса ја имаа уште во 4.минута кога Сила шутираше од изгледна шанса, но домашниот голман Наумовски одлично одбрани.

Како што минуваше времето домашните се ослободуваа од притисокот, па во 34.минута дојдоа во водство откако Цветковски асистираше а Божиновски стрелаше за 1:0. Само две минути подоцна, Фал доби втор жолт односно црвен картон, и со тоа Тиквеш остана со играч помалку. Сепак по реакцијата на ВАР собата, судијата Фуркан Идризи ја гледаше снимката и ја поништи првичната одлука, а со тоа Фал остана во игра.

Само што започна второто полувреме, во 46.минута гостите преку Гуџуфи израмнија на 1:1, но голот беше поништен поради очигледен офсајд.

Во продолжение играта како да се разгори, имаше неколку добри акции на двете страни, сепак без стонастотна шанса за гол, повеќе беа тоа закани.

И така беше се до 68.минута кога домашниот играч Папули играше со рака во својот шеснаесетник, а судијата Идризи покажа на белата точка. Исправноста на оваа одлука ја поврди и ВАР. Одговорноста ја презеде Сила и успеа да израмни на 1:1.

Истиот играч имаше шанса и за пресврт, но неговиот шут во 75.минута заврши во надворешниот дел од мрежата на домашните.

Уф, каква шанса за Ангелов во 83.минута кога беше сам, очи во очи со гостинскиот голман, тоа беше и повече од зицер за домашните, ама Стевковски со фантастична одбрана го сочува својот гол.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноОд Струга до Премиер-лигата: Лидс се пофали со Дитмир Хоџа!
СледноШкендија и против Струга ТЛ без Марко Ѓорѓиевски!