На Пелистер не му оди, битолчани се бесни!

490
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola/

Килави 1:1 дома со доскорешниот третолигаш Камјани со спас од пенал и среќа за 1:2 во 95 минута за гостите и вчерашните 0:0 со Брера, во меч со играч повеќе речиси цело второ полувреме. Две домашни задачи кои не ги положија избраниците на новиот шеф на струката во Битола – Борче Христов!

Можеби Пелистер е во Втора лига и не личи на голем клуб, но притисокот и барањата на јавноста се секогаш големи а тие се во контекст на големината на клубот, но и на буџетот кој се дава за фудбалските активности во ФК Пелистер – Битола.

Во минатата сезона се потрошија милионски суми со кои клубот испадна од лигата. Ете сега се даваат повторно најмногу пари од сите екипи во Втора лига и повторно не оди. Од авион се гледа дека оваа селекција на ФК Пелистер нема големи потенцијали. Два кикса на двата стартни натпревари од сезоната за аларм во Битола кој го активираат навивачите.

Се поставува и прашањето: Дали Борче Христов беше вистинскиот избор за клупата на битолските зелени!? Тренер на кој не му чинеше теренот на дуелот со Камјани па вчера играа како домаќини во Кавадарци. И на двата меча ја имаше поддршката од навивачите и од јавноста во Битола – но ете резултатите се очајно лоши и загрижувачки. Па оттука и канонадата од критики и навредливи содржини по тренерот, неговиот стручен штаб и изборот на фудбалери. Само два бода, еден гол (и тој од пенал), тенка игра, никаков напредок во играта од едниот до другиот натпревар.

Не оди, никако да тргне а битолчани бесот го кажуваат низ улиците, на трибините, по социјалните мрежи. Армија од навивачи има овој клуб кој од авион може да прочита кога е добро а кога не, кога тимот игра а кога се е некако со сила и без убавина. Стартот е лош, очаен и за никаде. Христов и неговите асистенти треба да ги засукаат ракавите и да работат затоа што ништо од небо не паѓа. Едно е работа на терен и знаење а друго е тетратка и книга, а во играта има само едно правило – победува тој што знае а не тој што учел.

Ај, можеби ќе биде подобро следниот меч со Македонија во Ѓорче Петров. Можеби!?

На таа пара на таа поддршка и само два бода… А другите екипи играат со деца!!!

Срамен почеток!

ПретходноФантастично: Дали е ова голот на годината?!(ВИДЕО)
СледноОфицијално:Шкендија без Фреитас, Ѓорѓиевски и Гаје на утрешното дерби со Струга ТЛ