ЛШ: Сабах со историски пласман во ЛШ, Бодо ја потврди „класата“

113

Азербејџански Сабах обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите, победувајќи го Хапоел Бершева со вкупен резултат од 6-4 во плејофот, откако го доби реваншот дома со 5-2 (1-1, 3-2) по продолженијата. Првиот натпревар заврши со победа на Хапоел од 2-1.

Хапоел никогаш не играл во главната фаза од Лигата на шампионите, а тоа нема да биде ниту сега. Вечерва секунди ги делеа од пласман, но Сабах успеа да направи историја во продолженијата од 2х15 минути.

Со голот на Мбина во 100-тата минута Сабах поведе со вкупни 5:4, а конечниот вкупен резултат беше 6:4, го постави Микелс во 115-тата минута.

За разлика од овој меч, скоро икаква драма немаше во Норвешка. Бодо и на вториот меч со НЕЦ Нијмеген славеше убедливо, овој пат со 3:0. Норвежаните и оваа сезона ќе играат во групната фаза од најсилното европско натпреварување.

ПретходноБруно Фернандеш е прогласен за „Играч на сезоната“ во Англија
СледноСтоле не успеа да го спречи Бетис, пораз на Валенсија на „Местаља“