МИ 2026: Рустемовски остана со бронзата – пораз во полуфиналето од Хернандез

90

Ален Рустемовски и официјално на овие МИ 2026 во Таранто го освои бронзениот медал за Македонија. Имено попладнево во полуфиналето на боксерскиот турнир во категоријата до 60.кг., Македонецот беше поразен од Марин Хернандез од Шпанија, па со тоа не успеа да се пласира во финалето.

Да потсетиме дека Хернандез е од Куба, ама од 2024 година се натпреварува за Шпанија.

Мора да се признае дека Ален го даде својот максимум во текот на ова полуфинале, во одредени моменти делуваше одлично, сепак Хернадез, барем во овој момент е подобар боксер.

Секако дека бронзениот медал за Рустемовски е и тоа каков успех за него како и за македонскиот бокс.

ПретходноПех за Јувентус: Јилдиз мора на операција, следува долга пауза
СледноПочина легендарниот фудбалер на Пелистер, Никола Богоевски