Алкалоид дебитираше со пораз, Партизан ја освои „Автокоманда“

411

Алкалоид со пораз дебитираше во Регионалната лига, откако на домашен терен беше совладан од Партизан со 31-39 (15-17).

Лазаров за оваа средба не сметаше на новото засилување Матиц Сухолежник, Мартин Велковски и Валентин Карасманакис, од стандарните играчи. На другата страна Раул Гонзалес не сметаше на Кулеш и Кос.

Никола Костески имаше шест гола, по пет запишаа Цехте и Стојковиќ. На другата страна Дамјановиќ запиша 10 гола.

Натпреварот започна изедначено 4-4, Партизан со два гола во низа поведе со 4-6 во 10 минута, нешто подоцна беше 6-9. Алкалоид успеа да дојде на 8-9, имаше шанса да изедначи но имаше проблем со зицери. Токму ваквите ситуации беа како добредојдени за составот на Раул Гонзалес, кој пред одморот имаше нови плус три (12-15). На истекот на 30-та минута, Никола Костески промаши пенал при 15-17.

И вториот дел Партизан дојде до нови плус три 17-20, но Алкалоид успеа да ја искористи одлуката на Раул да игра „седум на шест“, па изедначи на 21-21 во 37-та минута со голови на празна мрежа.

Од овој момент се играше гол за гол, се до 43-та минута кога Партизан повторно дојде на плус четири (23-27), на средината на второто полувреме беше 25-29. Алкалоид играше далеку од препознатливиот стил, доволно за да гостите во 51. минута дојдат на плус 6 (26-32), период во кој македонскиот тим имаше и две исклучувања. Српскиот тим победата ја најави во 54. минута кога поведе со 27-34.

Не остана време за пресврт, нешто што Алкалоид минатата сезона често пати знаеше да го направи. Слаба партија имаа и голманите, што исто така е нешто што ретко се случува.

Сепак ова е регионална лига, па Лазаров ќе има време да ги подготви момците за вистинските битки.

Претходно„Лозари“ со порака:Доста со лоши термини! До кога ќе го уништувате фудбалот?!(ФОТО)
СледноГРК Охрид славеше кај Будванска Ривиера