МИ 2026:Одбојкарките поразени и од Грција

21

Во дуелот од третото коло од групната фаза на Медитеранските игри во Таранто, селекцијата на Грција со 3:1 (22:25, 25:13, 25:7, 25:17) беше подобра од Македонија.

Фантастичен старт имаа нашите одбојкарки и го одиграа најдобриот сет досега, кој и го освоија со 25:22.

За жал, следуваше голем пад во играта и потребни беа два сета за да се консолидираат. Во четвртиот се обидоа да се вратат во игра, но тешко беше да се запре ритамот на противникот.

Утре, Македонија ќе бара шанса за радост против Алжир.

ПретходноСензационално: Сестрите Вилијамс ќе играат на УС Опен
СледноПЛЕЈ – ОФ: Нема ЛШ за Серафимов и Левски, нема ни за Динамо Загреб, ама има за Фенер