Додев „гази“, нов гол и асистенција за Алтаи (ВИДЕО)

122

Македонскиот интернационалец, Дарко Додев продолжува со супер формата во новиот шампионат. Напаѓачот денеска за својот тим Алтаи погоди и асистираше во победата над Ултај и со тоа стигна до бројката од два гола и две асистенции сезонава.

Откако се пресели во новиот клуб, Додев игра како препороден и има сериозна улога во него.

Се здоби и со статус на репрезентативец на Македонија, затоа што беше повикан на почетокот на летото за мечевите против Босна односно Турција, но според сознанијата на СпортСпорт, овојпат селекторот Седлоски не смета на брзоногиот крилен напаѓач.

ПретходноВМФЛ: Пелистер убедлив на Чаир, Новаци славеше против Детонит
СледноБарса не планира да запре, на списокот додаден и Леванте