Искусниот плејмејкер од Србија, кој што патем е поранешен играч на тимот на Куманово, Тадија Тадиќ и официјално е нов играч на екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
„Металците“ предмалку го официјализираа Тадиќ во насока на уште посилен ростер за претстојната сезона како на домашна, така и на интернационална сцена.
Кога станува збор за Тадиќ тоа е играч кој што ја мина школата на Партизан, а има и настапи за младинските селекции на Србија.
За тимот на Куманово настапуваше во сезоната 2024/2025.










