Седлоски: Би сакал сите мечеви да ги победиме, но одиме по ред, Швајцарија е прва тема

257

Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот на репрезентативци на кои што ќе смета за претстојните мечеви од Лигата на Нациите против Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Направени се неколку измени во однос на мечевите кои ги игравме во јуни, против Босна и Турција, во имињата на Гаштаров, Џеков, Малески…

„Спој на младост и искуство е оваа селекција. Гаштаров е повикан разговоарано е со него и ќе видиме која позиција ќе го искористиме. За разлика од она што го игра во Црвена Звезда да речеме. Од Србија сигурно пробале нешто да направат околу репрезентативните настапи на Гаштаров. Но лично разговарав со него и тој ми потврди дека со душа чека да пристигне во репрезентативниот кампус на Македонија. Што се однесува пак до оние кои не се повикани во моментов, за никого вратата од репрезентацијата не е затворена. Да четири меча се пред нас. Јас и како играч секогаш излегував да победам. Сакам да излеземе мотивирани, да одиме на победа, против било кого. – изјави нашиот кормилар.

Милан Илоски не се изјасни дали сака да игра за Македонија

На прашањето каква е ситуацијата со Милан Илоски и дали тој е пред портите на репрезентацијата на Македонија селекторот Седлоски изјави.

„Илоски не се изјаснува дали сака или не. Контактиран е од страна на Николче Новески неколку пати, но до сега немаме конкретен одговор дали ќе се одлучи за Македонија или не. Ние никого нема да молиме“ – рече селекторот Седлоски, па додаде дека Караташ го спречуваат турските регулативи да настапи за Македонија во моментов.

Ефикасноста е проблем, мора да ја поправиме.

„Мораме да поработиме на неколку сегменти. Дефанзива, мора да ги сведеме грешките на минимум, мора да ја подобриме ефикасноста, средината исто така мора да го крене нивото. Ефиканоста е проблем да, но ќе мораме да работиме напорно тоа да го поправиме. Повикани се доста напаѓачи. Ете прв пат се повикани и толку многу играчи од ПМФЛ шампионатот. Омерагиќ и Малески се заслужено повикани. Ефикасни се и овој повик го заслужуваат. Георг Стојановски и Марио Илиевски се играчите кои што ги планирав за повик. Во моментов Илиевски е повреден и штета е што е така. Желбата е секако да победуваме. Но, реалноста е поинаква. Мора да мислиме на меч по меч. Швајцарија е првиот наш ривал. Учесник на Мундијалот. Мислам дека оваа селекција одскокнува од другите“ – изјави селекторот Седлоски на денешната прес конференција.

 

 

ПретходноСедлоски со четворица дебитанти ќе стартува во Лигата на Нации
СледноСтигна промоција од Азербејџан: Јетон Беќири и Габала во “врска” од 1+2 години