И официјално… Јетон Беќири како што најави СпортСпорт утрово е новиот тренер на Габала. Клубот од Азербејџан пред неколку минути официјално потврди дека тренерот од Македонија е нивниот избор.
Шефот кој пред две години беше првак со Шкендија повторно ќе предводи клуб со “црвено-црни” бои.
Почнува со работа од понеделник а негов прв помошник ќе ми биде Бурхан Емрулаи, актуелниот шеф на струката во второлигашот Камјане.










