Mеморијален турнир во Битола, во чест на Зоран Петковски – Петкото

106

Македонската кошарка, деновиве ќе се сконцентрира на настаните во Битола, каде што ќе се организира меморијалниот турнир Зоран Петковски – Петкото.

Зоран Петковски – Петкото е спортска и пред се кошаркарска легенда во Битола, и во негова чест е организиран овој турнир, кој што прераснува во традиција.

На турнирот ќе настапат екипите на Пелистер, МКК Куманово, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ, а натпреварите ќе се играат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Меморијалниот хуманитарен турнир „Зоран Петковски – Петокото“ е повеќе од кошаркарски настан – тој е потсетување на човекот кој остави трага и можност таа трага да продолжи преку спортот, заедништвото и хуманоста.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ – 16 СЕПТЕМВРИ

18:30 часот: Пелистер – МКК Куманово
20:30 часот: МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН – 17 СЕПТЕМВРИ

15:00 часот: Натпревар за трето место
17:00 часот: Финале

  • Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ПретходноПовредата на Богдановски е голем проблем за Силекс
СледноДенеска е ден за ракомет и Лига на шампиони: Вулканот пред ерупција во име на Вардар!