Чупиќ: Ова беше навистина луд меч!

525

Вардар не успеа да дојде до првата победа оваа сезона во Лигата на шампиони, иако беше на чекор. Натпреварот се решаваше во последната минута и пол, за жал улогата на трагичар ја имаше Јака Малус, загуби една топка и не реализира два напади.

„Беше навистина луд меч, Нант имаше предност од четири гола, но направија неколку грешки, успеавме да дојдеме на еден гол негатива. Второто полувреме игравме гол за гол, во самиот финиш можеби Нант имаше повеќе среќа, може ние немавме многу искуство. Во секој случај заслужена победа. Беше навистина атмосферата беше неверојатна. Им благодарам на сите кои дојдоа тука да не поддржат“, рече тренерот на Вардар, Иван Чупиќ.

Капитенот на македонскиот првак, Васил Гогов беше краток, не криеше дека се фрустрирани.

„Честитки до Нант. Фрустрирани сме, два меча по ред сме блиску, но далеку сме од бодовите. Добро е што сме на ниво на големите тимови, знаеме што да направиме“, порача Гогов. 

ПретходноИ покрај болниот пораз,„Комити“ скандираа: Јака Малус!
СледноОд таборот на Нант: “Ја имате најлудата публика во светот!“