Висла ја доби драмата со Мелсунген за прва победа

62
фото: ORLEN Wisła Płock (FB)

Висла Плок стигна до драматична победа над Мелсунген со 25:24 во натпревар од групата во Лигата на шампионите, во која настапува и Вардар.

Германскиот тим долго време го контролираше резултатот, а во завршницата имаше и предност од два гола, но домашните не се предадоа и во последните минути направија голем пресврт. Висла постигна три гола во низа, а победничкиот погодок за 25:24 го постигна Косоротов, со што полската екипа стигна до важни бодови во борбата за пласманот.

Најефикасен во победничкиот состав беше Бјер со девет гола, додека кај Мелсунген Стефансон постигна седум. Висла е токму следниот ривал на Вардар на натпревар кој ќе се одигра во Скопје на 8 октомври.

ПретходноМКК Куманово го освои првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“
СледноИвановски елиминиран на турнирот ИТФ 25 Златибор