Каков старт на Партизан во Евролигата сезонава. Трет меч вечерва и трета победа и тоа во Минхен, и тоа со 84:86 во еден неверојатен драматичен дуел. Иако ослабен, иако тренерот Пењароја не можеше да смета на тројца клучни играчи, и иако Баерн беше блиску до победа, сепак на крајот гостите се радуваа на задоволство на своите фанови.
Ова беше меч од трето коло и трета победа за Партизан. Џекири со 17 поени беше најефикасен кај победничкиот состав, додека Вашингтон, кој во минатата сезона беше дел од Партизан, вечерва за Баерн запиша 20 поени.
На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:
Бешикташ – Барселна 82:95, Фенербахче – Дубаи 76:66, Лион Вилербан – Валенсија 92:105, Панатинаикос – Макаби 90:67, Басконија – Милано 87:76.










