Ракометарите на Струга приредија пресврт во Битола и го совладаа Е. Пелистер 2 со 25:24, во натпревар од деветтото коло на Суперлигата. Домаќините имаа предност од 12:11 на полувремето, но стружани во продолжението успеаја да го свртат резултатот и да ги освојат бодовите.
Мечот влезе во неизвесна завршница, а одлуката падна во последната минута. По израмнувањето на 24:24 со погодокот на Давид Димевски во 59. минута, Дарко Георгиевски во последната минута го постигна голот за победа на Струга.
Најефикасни во победничкиот состав беа Никола Јукиќ и Марио Танковски со по шест погодоци, додека Мице Шилегов постигна пет, а Мартин Манасков три. Голманот Мартин Јовановски имаше одличен настап со 14 одбрани.
Кај Е. Пелистер 2, Давид Димевски беше прв стрелец со седум гола, Божидар Илиески постигна шест.










