Гаје и Марко по мечот во Штип: Многу сме среќни што помогнавме Шкендија да победи!

87

Шкендија денеска во Штип обезбеди екстра значајна победа протв Брегалница на гости со 1:2. Со тие три бода тетовци и натаму се лидери на табелата.

Јасно е дека херои се Марко Ѓорѓиевски кој во 74.минута го постигна голот за 1:2, негов прв оваа сезона во ПМФЛ, и Бабукар Гаје кој во 90+4.минута одбрани пенал со што ја спаси победата на својот тим.

По натпреварот и двајцата истакнаа дека се многу среќни:

Бабукар Гаје:

„Многу сум среќен за победата, пред сè. Да, за мојата лична кариера е добро да имам натпревари каде што можете да направите чекор напред и да се обидете да го направите она за што сте дошле тука. Но, да бидам искрен, би претпочитал лесно да победам, без да морам да бидам во центарот на вниманието на играта или нешто слично. И на крајот, секако сум среќен што одбранив пенал и му помогнав на тимот да победи. Но да, тоа е добро чувство, но во исто време не е најважното нешто. И имавме краток разговор пред секој пенал што се случува, разговарав со Фекин (Ферат Рамани), бидејќи тој ги познава повеќето играчи, ги видел пеналите што ги извеле претходно. И знаете, имавме краток разговор. И денес бев како: „Добро, имам идеја за овој пенал, што мислите?“ И да, се држевме до таа идеја. Добро беше што почекав малку подолго на средина, а потоа се обидов да реагирам. И тој ме охрабри да го направам тоа“.

Марко Ѓорѓиевски:

„Да бидам искрен, се чувствувам многу среќен. Знаете, кога постигнувам голови, многу сум среќен. И најважно е што ги освоивме трите бода, тоа е најважно. А головите ќе дојдат сами по себе. Дојдов во Шкендија, потпишав без подготвителна фаза. Но, фала му на Бога, добро почнав во Конференциската лига. Но, после тоа, дојде ненадејна повреда која, искрено, ме оддалечи малку од она што го покажував. Ми требаше еден месец да се вратам во нормала. Сега, фала му на Бога, се чувствувам дека сум во форма. И дури и кога ќе влезам во игра како што рековте, веројатно можам да дадам уште повеќе отколку кога почнувам од почеток. Но, сега најважно е да се вратам во форма со голови и да победам. И искрено, го почувствував голот пред натпреварот. Веќе го почувствував и фала му на Бога и му благодарам на техничкиот персонал.. Искрено крено не спијам кога ќе постигнам гол“ посочи Ѓорѓиевски.

ПретходноВардар слави, „вулканот“ еруптираше – Мечка направи шоу со „Комити“ (ФОТО)
СледноГогов испрати моќна порака по дербито: Вардар е семејство, „Јане“ е нашиот дом!