Денеска од 14 часот на теренот на ФФМ во Скопје, ќе се одигра големото дерби меѓу Вардар и Струга ТЛ. Тоа се два тима кои имаат шампионски амбиции, тимови кои се веднаш зад лидерот Шкендија (Т).
Струга ТЛ оваа есен игра одлично, посебно на свој терен. Почна да победува и на гости, па затоа стратегот на стружани Бледи Шкемби е умерен оптимист пред гостувањето кај шампионот:
„Против Вардар имаме тежок натпревар, како и речиси секоја недела од првенството. Сакаме да одиграме добар натпревар, Струга ТЛ ќе игра за да победи. Секако дека мора да го почитуваме противникот и да дадеме се од себе.“
Шкемби не смета дека без разлика на важноста дека ова е решавачки натпревар во поглед на изгледот на табелата сезонава:
„Не мислам дека се многу одлучувачки натпревари, како овој против Вардар денеска, и оној што нè очекува следната недела против Шкендија на наш терен во Струга. Така е затоа што што во првенството сè уште има многу натпревари и има време за враќање на бодовите, каква и да е ситуацијата. Едноставно има уште многу да се игра“ заврши стратегот на Струга ТЛ.















