Инцидент помеѓу навивачите на Арсими и Шкендија Арачиново!?

1

Според неофицијални информации, по завршувањето на мечот од 13. коло од ПМФЛ шампионатот помеѓу Арсими и Шкендија Арачиново денеска одигран во Гостивар имало инцидент во кој што домашните навивачи ги нападнале гостинските, сместени на истата, единствена трибина на Градскиот стадион.

Оваа информација сеуште не е потврдена од страна на МВР но во секој случај доколку биде така, тоа ќе биде втор инцидент во само две недели во кој што се инволвирани навивачите на Шкендија Арачиново. Првиот беше на дуелот во Кавадарци против Тиквеш.

Во тој инцидент имаше и приведени и МВР реагираше по случајот. Дали, и какви последици ќе има од денешниот наводен инцидент останува да видиме.

 

ПретходноПолувреме за заборав: Македонија губи од Грција со седум гола!