Вечерва А-репрезентацијата на Македонија ќе го одигра својот последен натпревар од Б Лигата на Нации во групата Г. Ривал во рамките на 6.коло во групата 1 ни е селекцијата на Словенија. По тие пет порази на претходните пет натпревари, со постигнат само еден гол, логично е да се постави прашањето дали селекторот Гоце Седлоски има тактика, план, концепција за да се слави победа барем за крај на овој циклус.
Досега беше катастрофа, на се личевме само на репрезентација која до пред извесно време бевме за респект, не личевме. Останува да се надеваме дека вечерва оваа селекција на Седлоски сепак ќе успее да победи и колку толку да се “испере“ од срамот што ни го нанесе во текот на оваа година.
Потсетување, Македонија досега во оваа 2026 година нема забележано победа на вкупно девет одиграни натпревари, успеала да постигне само еден гол. Ова е откако Седлоски ја презеде селекцијата.
Инаку Македонија се нема радувано на претходните 13 натпревари и тоа од тој септември 2024 години, значи минаа и повеќе од 14 месеци откако ние немаме победа.
Страшни, ужасни се овие бројки, но од вистината не може да се избега. Фудбалот е егзактна наука, се бројат головите, победите, бодовите. Се друго е само “фрлање прашина во очи“ од типот ова е процес, игравме добро ама немавме среќа, судијата погреши на наша сметка. Ова се само изговори а нив ги слушаме од Седлоски веќе цела година.
Сепак, јасно е дека фудбалска Македонија колку да е разочарана, сепак сака вечерва добар настап на играчите, борбеност, желба, да се даде максиумот и да се дојде до победа.
Било како, само да се дојде до победа. Уште кога почна Б Лигата на Нации, оние што се разбираат во фудбал и начинот на тоа како Седлоски го разбира фудбалот, знаеја дека оваа средба вечерва е шансата за бод (ови), за победа.
Па, нека биде победа, барем за крај!










