Македонскиот младински репрезенаттивец и чувар на мрежата на тимот на Брегалница Давид Денковски се приклучи на штипјани, по репрезенаттивните обврски. За него и за Брегалница како впрочем и за целата лига, продолжуваат прволигашките активности, олицетворени во дуел со Македонија ЃП на домашен терен.
Денковски има полна доверба, односно минутажа сезонава од страна на стручниот штаб и собира непроценливо искуство како на голот на Брегалница, така и на голот на репрезентацијата до 21. година.
„Задоволен сум од настапите во македонската репрезентација, па сега сакам формата да ја пренесам повторно и во дресот на мојот клуб. Не очекува сериозен предизвик против екипата на Македонија ЃП, но за нас секако единствена цел се трите бода. Очекувам и утре пред нашите навивачи да продолжиме со победите“ – вели Денковски.
Мечот против Македонија ЃП е закажан за в недела од 14:00 часот.