Руватубаје: За Шкупи секој меч е како финале, одиме на победа и против Брегалница!

164

Утре со почеток од 14 часот, се игра првиот меч од 12.коло во ПМФЛ. Се среќаваат лидерот Шкупи и најпријатното изненадување во досегашниот дел од шампионатот, составот на Брегалница. Ова е и прв меч од втората рунда во тековната сезона. Се очекува уште една одлична партија на момците на стратегот Гоце Седлоски на својот Чаир.

Абдул Руватубаје, интернационалецот од Руанда во последно време игра се подобро, тој е еден од оние клучни играчи во дефанзивата на чаирчани.

За утрешниот меч со Брегалница, Руватубаје за клупската интернет страница истакна…

Нема што многу да коментирам за утрешниот натшревар. Имаме серија од 10 меча без пораз и ќе продолжиме и натаму да се браниме името на нашиот клуб. Јасно е дека продолжуваме да се бориме за титулата, ќе продолжиме да се бориме на секој меч за тие три бода, секако дека ќе ги почитуваме нашите противници. Не е тајна дека за нас секој меч сезонава е како финале“ заврши стоперот од Руанда.

ПретходноФК Ренова: Стојчевски не е делегиран, тоа значи дека сме биле во право!
СледноЗлатан со порака до фудбалерот кој призна дека е геј: Ти си ШАМПИОН!