Ништо ново. Мартин Мирчевски по којзнае кој пат оваа есен е играч на колото. Феноменалниот,маестралниот Мирчевски во саботата на Арената во Скопје против Работнички просто “царуваше“. Постигна два гола, имаше неколку атриктивни потези, тој беше “моторот“ на победничкиот тим. Икога ќе одиграш така, и
тоа на гости кај еден Работнички, навистина што уште треба да направиш за да бидеш најдобар меѓу најдобрите во ова коло.
Тој и натаму го држи тој просек на голови, по еден гол на секој меч. Сега
има 13 голови во 13 натпревари. Покрај него во тимотна колото од А.Пандев тука се Маронг и Манев. Македонија ЃП го порази лидерот Шкупи, затоа тука се Младеновски, Адем и Филиповски.
Цаке од Струга Трим Лум беше одличен повторно. Симеон Христов му донесе три бода на Тиквеш, Мартин Стојанов беше најдобар во Брегалница, а Синдрит Гури и Костадин Захов кај Шкендија.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
МАРТИН МИРЧЕВСКИ
Тим: А. Пандев
Роден: 11.02.1997
Кариера: Пелистер, Победа, Беласица, Трепча, Вардар, А. Пандев