Роберт Левандовски сезонава постигна 41. гол во Бундес лигата и со тоа го урна рекордот на Герт Милер кој траеше четириесетина години, а гласеше на 40.
Левандовски денеска со погодок во деведесеттата минута успеа да ја постигне целта и да му донесе конечен триумф на неговиот Баерн против Аугзбург од 5:2.
„Немам зборови. Цел меч се обидував да постигнам гол, апсолутно правев се, а успеав дури во последните моменти. Пресреќен сум. Не бев лут во текот на мечот, туку се чудев зошто не ми оди. Сепак, благодарение на тимот, ја постигнав целта. Рекордот колку е мој толку е и на екипата. Видов дека Лирој ќе шутира, и само ја наместив главата како што треба. Сакав и порано да постигнам гол, но знаев дека шансата кога тогаш ќе ја искористам“ – изјави Левандовски по мечот.
THERE IT IS!!!
LEWANDOWSKI'S RECORD-BREAKING GOAL 🔥
AMAZING! pic.twitter.com/HOdzJ4A2eH
— ESPN FC (@ESPNFC) May 22, 2021