Голманска мајсторија: Денковски им одбрани пенали на Дориев и Бејтулаи!

2284

Брегалница загуби во Штип со 1:0, стрелец на голот беше Јан Кривак. Но херој на мечот е голманот на штипските “сини“, инаку младински репрезентативец на Македонија до 21.година, Давид Денковски. Само тој не дозволи Брегалница да доживее и поубедлив пораз, да не кажеме катастрофа. Не само што одбрани неколку зицери, туку покажа како се бранат пенали. Во првиот дел Денковски го одбрани ударот на Љупче Дориев, а во вториот дел и на Егзон Бејтулаи.

Инаку ова беше трет пенал на Шкендија во серија кој не е реализиран.

Прво Гури на минатиот меч не успеа да погоди, а денеска тоа не погодија и Дориев и Бејтулаи.

Денковски покажа дека Брегалница и мак-фудбалот во него имаат фудбалско богатство.

ФОТО: ФК Брегалница

ПретходноТи благодариме, Јасмин: Струга ТЛ со победничко селфи се раздели од Мециновиќ! (ФОТО)
СледноПетра Влхова незапирлива во Леви, втора победа во слалом