Очекувано, сигурно, доминантно, убедливо, уште една шампионска партија на Шкупи. Попладнево на Чаир, четата на стратегот Гоце Седлоски со 5:0 го демолираше, го растури очајниот Пелистер. Двапати Цветаноски, а по еднаш Маркоски, Ѓорѓиевски и Чешмеџиев стрелаа за нови три бода, за победа.
На овој меч имаше што да се види и не само на теренот, најверните фанови на Шкупи, “шверцерите“ направија спектакл на трибините со задолжителното пиротехничко шоу.
А, за Пелистер, што да се каже?
Не е тајна дека клубот е во неволја, да не кажеме распад. И новиот тренер, барем тој ја води екипата, Горан Ганчев, не успева да ја подигне, што се вели.
Се чини дека по 14.коло и дефинитивно на Пелистер му се смее испаѓање од ПМФЛ.
Едноставно му нема спас.