Згуснат распоред: Дел од клубовите за 16 дена ќе одиграат по пет натпревари!

584

Откако поради страотната несреќа што се случи во Бугарија, каде загинаа 46 наши граѓани, Фудбалската федерација на Македонија ги одложи 1/4 финалните мечеви во Купот на Македонија кои требаше да се играат денеска. Истите ќе се играат во среда, на 1 декември.

Со ова се згусна распоредот на дел од клубовите до крајот на есенската полусезона. Имено оние осум клубови кои се оваа фаза од Купот, ќе треба за 16 денови да одиграат по пет натпревари. Речиси им се паѓа на секој трет ден да играат првенствен или куп натпревар.

Што се однесува до распоредот еве како тој изгледа до крајот на оваа година или до крајот на есенската полусезона за екипите од ПМФЛ и оние кои играат во Купот на Македонија.

РАСПОРЕД

28.11: 15 КОЛО ВО ПМФЛ

01.12: 1/4 ФИНАЛЕ КУП

05.12: 16 КОЛО ВО ПМФЛ

08.12: 17 КОЛО ВО ПМФЛ

12.12: 18 КОЛО ВО ПМФЛ

ПретходноЈирген Клоп: Не сум спремен за вакви прашања…
СледноДортмунд му нуди на Халанд 18 милиони евра годишна плата!