Данците повторно имаат проблеми, се повреди и Антонсен

164

Рене Антонсен е вториот ракометар од репрезентацијата на Данска кој се повреди непосредно пред ЕП на стартот на следната година. Според информациите од Данска, пикерот на Алборг не го доигра натпреварот со Бејринбрго во данскиот шампионат и мораше да оди на дополнителни специјалистички прегледи.

Засега нема информации дали повредата е сериозна и дали тој ќе го пропушти патот на европското превенство каде Данска е во група за нашата репрезентација, но тој е веќе вториот ракометар во составот на селекторот Јакобсен кој се повреди во неколку дена. Пред него повреда заработи и Емил Јакобсен.

ПретходноПоследен обид: Директорот на ПСЖ седнува на преговори со Мбапе
СледноГоџа не запира, по спустот најдобра и во супер – џи