ЕП 2022: Одличен старт на Србија, Русија за малку од готово ќе направеше вересија!

204

Денеска, во терминот од 18 часот, покрај нашиот натпревар со Словенија, на ЕП 2022 се одиграа уште три средби. И покрај големите проблеми со короната, Србија имаше одличен старт. Па така успеа со 31-23 да ја победи селекцијата на Украина. Едноставно во текот на целиот меч Србите беа доминантни и на крајот успеаја да ги освојат првоте бодови во првиот нивен меч.

Русија против Литванија важеше за голем фаворитм, но успеа да победи само два разлика, и тоа 29-27. Во првиот дел се одеше како “подмачкано“ за Русите, но во вториот дел Литванија одигра многу подобро и во самиот финиш дојде на -1 гол разлика, но на крајот сепак Русија успеа да триумфира.

Шпанија, актуелниот бранител на тронот, успешно тргна на ова ЕП. Во првиот меч успеа да дојде до триумф над Чешка со 28-26. Можеби триумфот не е изразен со којзнае каква гол разлика, но сепак „фуријата“ си ги освои однапред зацртаните бодови.

ПретходноВрањеш призна: Македонија одигра добро, нас не фати нервоза!
СледноЦветан Кузманоски – име кое ветува!