Цроногорскиот ракометен репрезентативец Марко Ласица, кој вчера по завршувањето на дуелот со Македонија кој инаку го загубивме плукна кон нашите навивачи, најстрого е казнет од страна на ЕХФ со парична казна од 5000 евра.
Ласица реагираше неспортски, и по завршивањето на мечот нетипично за еден спортист најпрво почна вербално да се пресметува со Македонските навивачи, а потоа и да плукне кон нив. Беше спречен посериозен инцидент од страна на редарите.
Дисциплинската комисија на ЕХФ одлучи, Ласица да биде казнет најпрво со 3000 евра, а останатите 2000 се условни долколку направи слична глупост во следните две години.