Лесни бодови за Е.Пелистер против Охрид

126

Е.Пелистер ја оправда фаворитската улога против Охрид, на домашен терен го совлада со убедливи 34-25 и дојде до 15. триумф оваа сезона во Супер-лигата.

Божиќ беше стрелец на осум гола, два помалку запиша Периќ, на другата страна Додиќ запиша шест погодоци.

Избраниците на Жељко Бабиќ на стартот на мечот наидоа на силен отпор, гостите водеа со 4-5, 5-6 и 8-9. Битолчани пред самиот крај на првото полувреме со два гола во низа дојдоа на плус два (14-12), позитива со која заминаа на одморот (16-14).

Токму по ова водство, домашниот тим продолжи во ист ритам, со нови четири гола обезбеди предност од шест гола (20-14), нешто подоцна беше и 24-17. Битолчани до крајот немаа проблем, рутински го приведоа дуелот.

ПретходноШок во Пекинг: Една од најголемите ѕвезди на ОИ е позитивна на Ковид-19!
СледноШкендија го “врза“ Решат Рамадани со петгодишен договор!