Од денеска и официјално младата селекција на Србија има нов селектор, а тоа е фудбалската легенда на Партизан, Горан Стевановиќ. Некогашниот тренер на неколку клубови, како и екс селектор на Гана, е нов селектор на У-21 селекцијата на Србија. За нас ова е интересно зошто токму Стевановиќ пред 1,5 година беше на чекор да седне на клупата на Работнички. Беше во Скопје на преговори со Драган Поповски, претседателот на клубот од Градски парк. Речиси се беше договорено, но сепак не дојде до потпис.
Исто за нас интересно е именувањето на Стевановиќ и поради фактот дека на 24 март, во квалификацискиот меч за ЕП 2023 во групата „Х“ и гостуваме на Србија. Мечот се игра на стадионот на Вождовац во Белград. Колку за потсетување, Македонија против Србија во Охрид, во меч од оваа група, одигра 0:0.










