КОМЕНТАР НА 22.КОЛО: Каква БЛАМАЖА…сега на Шкендија и Европа и „виси“…а фановите “вријат“!

1403
Processed with VSCO with m5 preset

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Актуелниот шампион, тимот на Шкендија е клуб со најголем буџет, без никакви финансиски проблеми. Шкендија според имиња го најдобриот тим, во зимскиот преоден рок уште повеќе го засили со ангажман на 4-5 квалитетни прволигашки имиња. И нормално е дека таков тим да биде прв на табелата, и тоа убедливо.

Но, не е прв, титулата одлета веќе од Тетово. Имено Шкупи сега има 11 бодови предност. Шкендија не е ни втора, туку е трета, со само два бода предност пред Македонија ЃП која игра фантастично и победува во серија, шести меч по ред е со триумф.

И затоа прашањето. Зарем можно е ваква Шкендија да не излезе во Европа, да не игра на евро – сцената?

Е, па можно е…ако продолжи вака да игра како што досега играше и се разбира ако на крајот биде четврта и тоа позади Шкупи, А. Пандев и Македонија ЃП. Ништо нема да биде чудно. Каква ли само бламажа ќе биде тоа за сите во Шкендија.

Да се потсетиме. Во времето на „Еколог“ Шкендија секогаш била во Европа.

Но, тоа е проблем за Шкендија и нејзините фанови кои просто “вријат“ и тоа не го кријат по социјалните мрежи и бараат оставка од тренерот Бруно Акраповиќ.

Инаку белег на колото беше победата на Работнички над Шкендија, добро, веројатно најдоброто издание на тимот од Градски парк откако тренер е Борче Христов.

Македонија ЃП, А. Пандев и Тиквеш блескаа, не само што победија уверливо туку и одиграа одлично.

Ренова и Шкупи ремизираа без голови, резултат со кој и Ќато и Седло може да бидат задоволни, а во Штип конечно победничка радост. Требаше да дојде под Исарот најслабиот тим во ПМФЛ за да ете и Брегалница под водство на Илчо Ѓорѓиоски успае да победи и тоа едвај.

ПретходноГРК Охрид од следната сезона ќе има нов тренер!
СледноЕкономот на Челзи морал да купи нови дресови, бидејќи старите се забранети!