Реал Мадрид ја забележа 22. победа сезонава во Ла Лига и ита кон нова шампионска титула. Вечерва на свој терен рутински ја одработи задачата против помалиот сосед Хетафе и го совлада со 2:0. Овојпат Карим Бензема не се запиша во листата на стрелците. Французинот кој игра во неверојатна форма сезонава беше стартер и играше до 74 минута кога беше заменет со Герет Бејл. Тренерот Карло Анчелоти процени дека треба да му даде одмор и дека нема потреба да го изморува затоа што во тие моменти „кралевите“ имаа водство од 2:0.
Касемиро во 38. минута го отвори резултатот, а во 68. минута зголеми Лукас Васкес.
Реал е лидер со 72 бода по 31. коло, а второпласираната Севиља има 60 бода по исто толку натпревари. Барселона е трета со 57 бода и два меча помалку.