најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја прокоментира одлуката на Вимблдон да не им дозволи учество на руски и белоруски тенисери. Причината е јасна, руската инвазија над Украина и санкциите на Западот кон Русија. АТП и ВТА им дозволи на руските и белоруските тенисери да настапуваат на турнирите но не под руско знаме, меѓутоа организаторите на престижниот Вимблдон одлучија да не им дозволат да играат.
„Секогаш ги осудувам војните. Знам колкава траума е тоа, а како таа влијае на децата. Ние во Србија добро го знаеме тоа, во 1999 година имавме бомбардирање. Секогаш пати обичниот народ. Не можам да ја поддржам одлуката на Вимблдон. Играчите немаат ништо со тоа. Политиката кога ќе се вмеша во спортот никогаш ништо не излегува добро од тоа “, рече Новак.