Тимот на Академија Пандев и натаму е суверен владетел на втората позиција на табелата во домашниот ПМФЛ шампионат, откако предмалку на домашен терен го совлада тимот на Брегалница со конечни 2:1. Стрелци на погодоците беа младинскиот репрезентативец Бојан Димоски, како Николче Шаркоски.
Домаќинот на овој меч во секоја смисла на зборот успеа да доминира на овој меч, навреме поведе во 17. минута, а потоа и навреме зголеми на 2:0 во 50. минута.
Во самиот финиш на мечот Мартин Стојанов погоди од пенал за конечни 2:1. Со овој триумф тимот на Академија Пандев го освои 58. бод сезонава, додека пак Брегалница остана на досегашните 39.
„Пиратите“ владеат во Скопје
Од друга страна, тимот на Скопје успеа да слави на гостувањето на Арената Тодор Проески против Работнички, со голот на Филип Јаневски. Играчот за врска погоди во 69. минута, а потоа домаќинот не успеа да постигне гол и да стигне барем до бод.
Со ова тимот на Скопје дојде до 29. бодови на салдото, додека пак Работнички со 37. бода остана на седмата позиција.